Ајурведа-прирачник за здрав живот од м-р др. Викрам Чаухан

300.00 ден

Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или слабост.

Извадок од книгата “Ајурведа-наука за животот”.

ЗА КНИГАТА

Оваа книга е наменета за луѓето кои се интересираат за основите на Ајурведското лекување Корисна е за Ајурведските ученици, како и за општата јавност. Ајурведа е стар здравствен систем од Индија и е признат од СЗО. Постојат многу чудесни третмани објаснети во Ајурведа. Ајурведата користи билки, минерали, метали, различни типови на масажи, внатрешно прочистување, јога, техники за дишење. Законите на Ајурведското лекувње се вечни бидејќи се темелат на законите од природата. Ајурведските закони повеќе ставаат акцент на обезбедување на внатрешна сила за исцелителните сили на телото. Тоа е прирачник со инструкции дадени од Бог, за тоа како да живееме долг, здрав и среќен живот.

ЗА АВТОРОТ

Др. Викрам Чаухан, доктор по општа медицина (Ајурведа) и NDDY (Јога и Натуропатија), има огромно клиничко искуство. Тој го води неговиот сопствен Ајурведски здравствен центар, во Чандигарх, Северна Индија. Центарот нуди Ајурведски консултации, конституциски (пракрити) анализи, Пулсна дијагностика, Широдара, Панчкарма, масажи, Јога и Ајурведски курсеви.

Др. Викрам работел како консултантски доктор за различни организации пред да ја отвори неговата сопствена клиника. Тој има пациенти од различни делови на светот, вклучувајќи многу познати личности. Др. Викрам имал ТВ интервјуа на многу национални канали, радио интервјуа, текстови за различни весници и магазини во здравствените колумни. Др. Викрам постигнал многу национални награди, учествувал во многу здравствени конференции и имал презентации за Ајурведското лекување на различни здравсвени семинари. Исто така тој создал многу билни формулации базирани на неговото искуство и традиционално знаење за различни хербални фармацевтски компании во светот.

Оцена на потрошувачите

5 stars 0 0 %
4 stars 0 0 %
3 stars 0 0 %
2 stars 0 0 %
1 star 0 0 %

Reviews

Нема коментари

Биди прв да коментира на “Ајурведа-прирачник за здрав живот од м-р др. Викрам Чаухан”