Со Политикатата за приватност,  Друштвото за трговија, производство и услуги АЈУРВЕДА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во понатамошниот текст: Друштвото), Ви  појаснува  на начинот на кој  се чуваат и обработуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи, кои доброволно ги оставаат  своите лични податоци, при посета и нарачка на производи преку нашата веб страна:  https://ajurveda.com.mk/.

Оваа политика на приватност се однесува исклучиво за веб страната https://ajurveda.com.mk/ и поддомените на истата. Доколку на веб страната е присутен  линк /скокачки прозор –“cookies” кој Ве поврзува или упатува  на  други веб страни, Друштвото  не превзема никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој корисник при регистрација и нарачка на производ преку веб страната https://ajurveda.com.mk/, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формуларот за регистрација, ќе се користат  исклучиво за за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и исполнување на Вашите права како потрошувач во случај на рекламација.

Вашите податоци се чуваат и обработуваат  во согласност со  одредбите од Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија и не се пренесуваат, ниту откриваат  на трети лица.

Личните податоци  кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка, и кои Вие доброволно ги оставате се следните:

  • Име и презиме
  • e-mail адреса
  • Адреса за испорака и
  • телефон за контакт.

 

Покрај горенаведените податоци, Друштвото го задржува правото да ја користи IP aдресата од која корисникот на веб страната пристапува, како и други податоци на корисникот  за откривање на неговиот идентитет, само и единствено во случај  кога тоа  е неопходно и задолжително во согласност со законските прописи.

Собраните лични податоци се чуваат кај нас и никаде не се  објавуваат, продаваат или доставуваат на трети лица, освен на надлежните органи на начин кога тоа е пропишано со законските прописи на Република Македонија.

Вие, постапувајќи како субјект на личните податоци, во секое време може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите лични податоци и информации, самостојно,  со пристап преку вашата регистрирана сметка.

Доколку повеќе не сакате Вашите податоци да се обработуваат од страна на друштвото, за горенаведените цели, можете во секое време самостојно да ја избришете вашата регистрација или доколку не можете, можете  тоа да го побарате со испраќање порака до e-mail адресата: info@ajurveda.com.mk или со достава на писмено барање до Адресата на друштвото: ул. “Козара” 31, 1000 Скопје.

Друштвото  на барањето ќе ви одговори најбрзо што може, но не подолго од законски пропишаните рокови.

Последен пат ажурирана на ден  08.01.2019.

 

Print Friendly, PDF & Email