• Like Us On Facebook
  • Follow Us On Twitter
  • Follow Us On Instagram
0 items
  • My Account
  • Check Out

  • Почетна
    • За Нас
    • Видеа
    • Блог
    • Доша калкулатор
  • Што е Ајурведа
    • За Ајурведа – кратка историја
    • Што претставуваат трите доши?
    • Пулсна дијагностика
    • Панча Карма
    • Ritucharya
    • Тамасака, подвидови и квалитети
    • Динахараја
    • Што се Тригуни?
    • Сатвика, подвидови и квалитети
    • Подвидови и квалитети на Рајасика
  • Online shop
  • Експерти
    • Др Дипам Батта / Dr. Deepam Batta
    • Каролина Кичевска
    • Д-р Викрам Чаухан / Dr. Vikram Chauhan
    • Др. Гириш Ширке / Dr. Girish Shirke
  • Продажни места
  • Контакт

Uncategorized @mk

Home > Uncategorized @mk

    Зимска супа за имунитет

    By Vasko / 20th март, 2018 / No Comments

    Порции: 3
    Потребни состојки:
    • 100 грама  путер
    • 2 средни праза (само белите и светлозелени делови) пресечени надолжно потоа исецкани на на полумесеци, добро измиени и исцедени.
    • 1 кромид, тенко исецкан
    • 2 лажици маслиново масло
    • Сол и бибер
    • 3 чешниња лук
    • 1 лажичка мајчина душичка
    • 1 среден корен од целер (исчистен и исечкан)
    • 2 ½ шолји пилешка (или зеленчукова) супа
    • 1 лажица лимонов сок
    Начин на подготовка:

    Исчистете го празот, измијте го и исечкајте го и додадете му малку сол а потоа динстајте ја содржината 10 минути на путерот додека да омекне (не треба да потемни). Додајте го лукот и мајчината душичка, посолете сѐ заедно и динстајте уште 3 минути. Потоа додадете го исечканиот корен од целер, додадете уште малку сол и бибер. После 5 минути прелијте ја супата.

    Гответе сѐ заедно околу 20 минути на тивок оган со поклопен капак на садот за готвење. Целерот треба да стане сосема мек, да може лесно да се пресече со нож. Кога ќе забележите дека е добро сварен, ставете ја супата во блендер  додека се добие фина текстура. На крајот додадете го сокот од лимон.


    Аштанга, осумте гранки во Ајурведа

    By Vasko / 3rd јануари, 2018 / No Comments
    Огромните теми во Ајурведата од страна на мудреците се поделени во осум категории, кои се познати како “Аштанга Ајурведа”, осум гранки на Ајурведата. Тие се следниве:
    1.Каја чикитса (Kaya cikitsa- Интерна медицина):
    Тука зборот “Каја” значи “агни”. Каја чикитса значи “третман на агни”. Во Ајурведата треба да се разбере интерпретацијата и целосната филозофија на зборот “агни”. Секоја клетка во телото, всушност, целото тело минува низ континуиран витален процес. Тој во Ајурведата е наречен тридоша, додека во модерната медицина се нарекува метаболизам. Се додека фундаменталната енергија на телото, т.е. агни, е во добра координација со сите физиолошки функции во телото, сите три доши и седум ткива остануваат во хармонија и екскреторните процеси и другите физиолошки процеси во организмот се одвиваат глатко. Со егзалтирани ум и душа, се користи или се развива комплетна енергија за благосостојба и се држи телото во добра состојба. Ова е целосната дефиниција на добро здравје и здрав разум. Ајурведата главно се фокусира на оваа фундаментална енергија на телото – “Џатарагни”. Кога фундаменталната енергија е во добра координација, човекот нема да биде болен. Освен рамнотежа во телесната тежина, и сите хемикалии, хормони и електролити, исто така, се во состојба на рамнотежа во телото. Постојат вкупно 13 видови агни-саптадатвагни, панчабутагни и џатарагни. Агни е главната движечка сила (енергија) на постоењето која ја контролира функцијата на телото и повторно се состои од седум ткива и пет основни елементи. Метаболичната активност на организмот зависи од “агни”. Основата на ајурведскиот третман е каја чикитса или агни чикитса. Сите процедури на ајурведските третмани, јога-активностите на антуропатските третмани се со цел да се активира, контролира и да се оддржува континуиран, координиран проток на оваа енергија. Меѓу 13те видови агни, “џатарагни” е основна агни. “Џатарагни” е позната и како “пачака агни” или дигестивен оган. Ова е основата на сите болести. Тоа е резултат на неправилностите во процесот на варење и поради бавниот и инертен дигестивен оган. Третманот на овие болести се вика Каја Чикитса (третман преку интерна медицина).
    Во оваа гранка сите болести и нивните припишани лекови влијаат на целото тело. Во оваа категорија спаѓаат сите болести поврзани со ендокриниот, респираторниот и дигестивниот систем, менталните нарушувања, дерматолошки и венерични болести.
    2. Каумарабртја тантра или Бала рога -( Педијатрија):
    Оваа гранка се занимава со сите видови подготовки и третмани за жените во текот на бременоста, за новороденчињата, доенчињата и за децата. Изборот на доилка за бебето, проблемите со мајчиното млеко и нивниот третман, симптомите на разни бактериски болести, како што се породилната инфекција ……
    3.Бута Видја -( Психијатрија и егзорцизам):
    Светите дарувања, жртвите, пеењата и другите свети обреди што се користат во борбата против лошите ефекти од демоните, полубоговите, лошите духови и злото ( во ајурведата сите овие имиња означуваат различни инфективни агенси), кои се причински фактори за генерирање одредени видови болести, спаѓа во “бута видја”. Оваа гранка се справува со ментални нарушувања, емоционални растројства и психолошки проблеми. Таа вклучуца врзување, казна, вдушување бирмут или насја, колириум (течност за очи) и медицинското пушење, кои се изведуваат само од искусен ајурветски доктор.
    4.Салја чикитса-( Хирургија):
    Оваа гранка се занимава со засекување, отсекување, третмани со хируршки процедури и опрема. Исто така, вклучува и менаџмент на трауми настанати од повреди од оружја, како стрели, палки, копја, огнено оружје, мечеви итн. Оваа гранка вклучува третмани со опрема, инструменти, топлина, хемикалии, оружје, лекови и благопријатни извори. Според Сусрута, во оваа гранка се вклучени надворешни честички, парчиња од дрво,  поради акумулација на отпадни материи.
    5. Салакја тантра – (Оториноларингологија и Офталмологија):
    Оваа гранка ги опфаќа болестите над вратот, особено во ушите, носот, грлото и во очите. Со оглед на тоа дека овие третмани се спроведуваат со употреба на сонди или “салака”, оваа гранка е позната и како “салакја тантра”. Во модерната наука, таа може да се дефинира како оториноларингологија (уво, нос и грло) и офталмологија.
    6.Агада тантра -( Токсикологија):
    Токсикологијата вклучува идентификација на различни видови отрови и нивни лекови. Овој третман вклучува стхавара виша – отрови добиени од дрвја, растенија, зеленчук, други материи што се јадат и минерали, џангама виша-отров од инсекти, влекачи и други животни и санјога виша- отров добиен од погрешна комбинација на лекови или од мешање различни лекови и други супстанци.
    7.Расајана Тантра- Третман за подмладување:
    Зборот “Расајана” доаѓа од два збора “Раса” и “Ајана”, каде што “Раса” значи Лимфи и други ткива (датуа) на телото, кои се неопходни и се поддршка за обновување на животот, и “Ајана” што значи специјални методи за постигнување на овие работи. Така, зборот “Расајана” значи ресурси и методологија со која може да се хранат лимфите, крвта и ткивата на телото (датуа), за обновување на животот. Резултатот е целосен третман што обезбедува сила за телото, сензорните и моторните органи и забите, со што се минимизира влијанието на последиците од стареењето (како што се брчки, седа коса и ќелавост), се спротивставува на процесот на стареење и ја потпомогнува долговечноста, со изострување на умот и интелигенцијата и помага во оддржување на здравјето на телото, што е познато како “Наука за подмладување”
    8. Ваџикарана тантра- (Третман на неплодност и машкоста):
    Зборот Ваџикарана доаѓа од два збора: “Ваџи” и “Карана”. Последното ткиво што според Ајурведата се смета дека се храни од конзумираната храна е “Сукра”-спермата. Затоа, тука “ваџи” е сперма или “сукра” и “карана”, што значи “тоа што зголемува”. Затоа, третманот со кој се подобруваат квалитетот и квантитетот на спермата се нарекува вирилизација (маскулинизација). Оние лекови и извори што помагаат во зголемувањето, прочистувањето, собирањето, олеснувањето на репродукцијата и исхраната за нормално производство на сперматозоиди се нарекуваат “ваџи-кара” или афродизијак. Затоа, тоа е детален третман на слабости и нарушувања на репродуктивниот систем. Голем број сеопфатни трактати за сите овие гранки се одделно документирани од разни мудреци и Ајурведа-експерти во изминативе векови, и сите овие третмани се распространети и сериозно практикувани во античките времиња, и биле надалеку признати и ценети. Педијатријата напредува под водство на мудрецот Касјапа, што е елаборирано во Касјапа Самхита. Мудрецот Сусрута бил мајстор. Неговата Сусрута Самхита е достапна дури и денес. Хирургијата била општоприфатена и високоразвиена во древната Индија. Во древните текстови има детален опис на царски рез и примери од пластична хирургија. Сусрута се смета за татко на пластичната хирургија. Во тие времиња се изведување сложени хируршки процедури. Меѓутоа, тие имале големи загуби поради неповолните услови во средниот век, поради што практиките биле прекинувани или одбивани. Многу важни ајурведски текстови биле или уништени или изгубени. Со текот на времето настрадале разни гранки на Ајурведата.
    Ви се допадна текстот? Стиснете Like и Share за да споделите со пријателите и секојдневно да ви пристигаат вакви интересни текстови.

    Ајурведска диета, препарати и совети при замастен црн дроб.

    By Vasko / 24th октомври, 2017 / No Comments

    ИСХРАНА ПРИ ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

    ДИЕТЕТСКА ВАЖНОСТ

    • Избегнувајте пржена, зачинета и преработена храна.
    • Избегнувајте млечни производи вклучувајќи млеко, обработено сирење, павлака, јогурт и путер.
    • Производите од соја исто така треба да се земаат ограничено.
    • Избегнувајте засладена процесуирана храна и газирани пијалоци.
    • Избенувајте и пилешко и мисиркино месо бидејќи се полни со хормони за раст и тоа ќе го зголеми обемот на работа на црниот дроб.
    • Избегнувејте секаков вид на месо освен риба која можете да ја конзумирате но умерено
    • Пијте 2 л вода секој ден, за детоксификација.
    • Зеленчукот како што се цвеклото, тивката, сувата тиква, модриот патлиџан, доматите, морковите, ротквиците и папајата се особено успешни кај ваквата состојба. Се препорачува и мешункастиот зеленчук.
    • Корисни се и чаевите од: рузмарин, глуварче и зелениот чај.

    Сокови од зеленчук: Сокот од моркови, во комбинација со сок од спанаќ, се смета за корисно при проблеми со црниот дроб.

    200мл сок од спанаќ треба да се промеша со 300мл сок од морков за да се подготви смеса од 500мл или половина литар мешавина од овие сокови. Или по избор, 300 мл сок од морков, промешан со 100 мл. сок со краставица и цвекло и ваквиот сок може ефикасно да се употребува за истата примена.

    Останати мерки 

    • Редовното вежбање е многу важно.

    Ајурведска диета при проблеми со бубрезите

    By Vasko / 24th октомври, 2017 / No Comments

    Ајурведска исхрана при Идиопатски Грануломатозен Маститис (IgM)

    By Vasko / 20th октомври, 2017 / No Comments

       Зошто балансирана диета е многу важна?
    Конзумирањето на здрава храна е важно за сите нас, но кога некој е дијагностициран со рак на дојка тие напори мора да ги зголеми и навистина да внимава што конзумира.

    Сепак, понекогаш и да внесете нешто што не треба не бидете строги кон себе, затоа што сепак борбата се води на два фронта, физичкиот и емотивниот. Затоа велиме дека балансот е најважната карактерна особина која мора да ја совладате.

    Водич за здрава храна

    Конзумирањето здрава храна додека се борите со ракот, како и после терапијата и вашето исцелување е многу важно, затоа пробајте да конзумирате секоја од овие 4ри главни типови на храна секој ден.

    • Јадете најмалку 5 порции од најразлично овошје и зеленчук
    • Основајте ги оброцина на растителна храна како компир, леп, ориз, паста или други карбохидрати. Секогаш користете интегрално пред обично брашно.
    • Конзумирајте Јогурт со ниска масленост или замена за млечни производи како Соја напитоците.
    • Јадете јадкасти, зрнести и целулозни плодови. Тие содржат нависоко ниво на растителни масти, влакна, протеини и живи витамини и минерали.
    • Маслиновото масло користете го како замена на сончогледовото.
    • Од животинско производство, ретко но препорачано е јајце или морка риба.

    Придржувајте се кон овој начин за исхрана за брзи и позитивни резултати.

    Природен третман при откажување на бубрезите

    By Vasko / 14th јуни, 2017 / No Comments

    Во денешно време реналната инсуфициенција стана светски здравствен проблем. Откриено е дека 10% од населението во светот страда од болести на бубрезите, а секоја година околу 1 милион луѓе умираат од овој проблем. Постојат повеќе од 2 милиони луѓе во светот кои примаат третмани, како дијализа или пак вршат трансплантација на бубрег, но сепак овие третмани не можат секогаш да им ги спасат животите.

    Во Ајурведата постојат различни билки кои се доста ефикасни при проблеми со бубрезите. Покрај тоа алопатскиот третман на бубрезите резултира со многу несакани ефекти врз здравјето. Додека пак, Ајурведата е наука на живот и нејзиниот сеопфатен пристап за балансирање на енергиите  без никакви несакани ефекти. Главниот фокус на Ајурведата е да се зголеми здравјето, со делување врз  коренот на дисбалансот.

     

    ОТКАЖУВАЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ

    Бубрезите се пар на органите кои се присутни на задната страна од стомакот. Функцијата на бубрезите е да ја филтрираат крвта и да ги отстранат сите отпадоци од телото. Бубрежната инсуфициенција се јавува кога бубрезите не се во можност да ги филтрираат сите отпадни материи од телото.

    СИМПТОМИ

    • повраќање
    • гадење
    • губење на апетит
    • слабост
    • замор
    • намалување на исфрлањето на урината
    • тешкотии во спиењето
    • оток на глуждот и нозете
    • болка во градите може да настане и поради акумулација на течност околу обвивката на срцето.
    • недостаток на здив, ако течност се акумулира во белите дробови.
    • висок крвен притисок

    ПРИЧИНИТЕЛИ

    • Главните причини се дијабетес и висок крвен притисок.
    • Срцева болест.
    • Камења во бубрезите
    • Згрутчување на крвта во уринарниот тракт
    • Консумирање алкохол.
    • Употреба на аналгетици како ибупрофен, аспирин и напроксен.
    • Употреба на антибиотици како ванкомицин, метицилин, сулфонамиди и ципрофлоксацин.

     

Contact Details

  • Phone: 02 3121 730
  • Address: ул. "Козара" 31, 1000 Скопје

Privacy Policy

© "Планет Ајурведа", Септември 2019. Сите права се задржани.

Developed by Jupiter Design

  • Почетна
    • За Нас
    • Видеа
    • Блог
    • Доша калкулатор
  • Што е Ајурведа
    • За Ајурведа – кратка историја
    • Што претставуваат трите доши?
    • Пулсна дијагностика
    • Панча Карма
    • Ritucharya
    • Тамасака, подвидови и квалитети
    • Динахараја
    • Што се Тригуни?
    • Сатвика, подвидови и квалитети
    • Подвидови и квалитети на Рајасика
  • Online shop
  • Експерти
    • Др Дипам Батта / Dr. Deepam Batta
    • Каролина Кичевска
    • Д-р Викрам Чаухан / Dr. Vikram Chauhan
    • Др. Гириш Ширке / Dr. Girish Shirke
  • Продажни места
  • Контакт
  • My Account
  • Check Out

Cart