Анксиозност – користете “Ashwagandha” за здравје и мирен ум.

од / 3rd мај, 2017 / Ajurveda / Off

Анксиозност

Во трката на животот за да се постигне одреден успех ,  брзото темпо си го зазема својот дел од вас а тоа е вашето тело. Под влијание на стресот од работа луѓето се изморуваат како физички така и психички со што организмот  е лесно подложен на разни заболувања.Поради овие причини секогаш е препорачливо да се земе соодветната нега за вашето тело и да се внимава на секојдневната исхрана , бидејќи денешните начини на брза исхрана неможат да бидат од голема полза за здравјето на телото. Поради дисбаланс на многу животни стандарди дневната доза на хранливи материи неможе да биде постигната само со внесување на храна. Затоа луѓето земаат витамински таблети  и тоа стана вообичаена рутина која по долга пракса постои голема веројатност да го направи вашето тело зависник од неа. Ashwagandha е вид на билка која се има докажано како многу ефикасна во подобрување на целокупната кондиција на телото и имунитетот , па затоа се смета за една од најмоќните билки во историјата на ајурведската медицина.

Придобивки од користење :

  • Замор

Секојдневниот напор ги прави вашиот ум и тело уморни ментално и физички. Во такви случаи  Ашвагандата е докажана дека може да биде многу ефикасна давајќи им енергија без тоа да влијае на одредени функции.

  •  Стрес

Стресот станува дел од вашиот секојдневен живот свесно и несвесно , но вашето тело ги трпи последиците . Ашвагандата делува смирувачки и благотворно на организмот .

  •  Анксиозност

Тоа е човечка емоција која прави да се чувствувате нервозно но исто така може да биде и вид страв. Во меѓувреме нивото на анксиозност се разликува од личност до личност во зависност од начинот на живот и имунитет кон таквата состојба. Оваа билка му помага на рганизмот да биде силен за да го заштити од било какви нарушувања.

  • Подобрување на функциите на нервниот систем

Ашвагандата е докажана дека е многу ефективна во подобрување на менталната способност бидејки има смирувачко дејство и ја одржува менталната стабилност. Го прави нервниот систем доволно силен за да може да се справува со било каков вид на негативни адаптогени.

  • Подобрување на моќта за концентрација

Помага во подобрување на менталната способност и со самото тоа ја зголемува задржувачката моќ на мозокот поточно помнењето и концентрацијата.

  • Помага во подобрување на психичката состојба како антидепресив

Оваа билка е многу корисна за ослободување од депресивното чувство на умот и воедно го подмладува. Исто така Ашвагандата помага при ослободување од грчеви во телото и во постигнување смиренност.

  • Регулира нарушувања во респираторниот систем

Докажано е дека исто така Ашвагандата е ефикасна во отстранување на слуз кој се добива при акумулирање во респираторниот тракт.