3 дневна практична и лесна диета за детоксификација

од / 15th јануари, 2018 / No Comments

3 дневна практична и лесна диета за детоксификација

Ова диета може да се примени во било кое време од годината, а особено би била делотворна доколку се примени во меѓу-сезона, под кое се мисли кога доаѓа нов бран на егзотична храна и кога сме во психолошка фаза на транзиција од едно годишно време во друго. Мора да се напомене дека ова многу брзо и едноставно решение за детоксификација не е прикладно кај жени за време на месечниот циклус, доилки или накратко за сите кои снагата им е екстремно слаба во моментот.

Придобивки

Целата детоксификација е витален дел од живеењето според Ајурведа. Детоксификацијата е важно средство за чистењето на акумулираниот отпад и токсини од мозокот и телото, кој поттикува подобрување на здравјето. Во 21век, честа периодична детоксификација на телото и умот ни е многу повеќе потребна отколку порано. Секојдневно нашите тела за приморани да процесираат наизглед бескрајна баража од токсини од околината, процесирана храна, психолошки стрес и нерешени емоции. Како што одминува времето, овие фактори можат долготрајно да го оштетат домаќинот, т.е. нашиот ум, емоционално и физичко тело. Овој краток и лесен режим ви дозволува полека, без дополнителен стрес, да се ослободите од токсините, да закрепнете и исправите на здрави нозе.

-Ја подобрува дигестијата и метаболичните функции

-Го подобрува редовнат и балансирано исфрлање на токсини

-Ја подобрува и балансира витката фигура

-Ја зголемува енергијата, виталноста и ентузијазмот за живот

-Зголемува свесност во бистрината на мислите, менталните, спиритуалните и емоционалните сфери.

-Го подобрува балансираниот сон и одмор

-Накратко го подобрува целото здравје.

Храната која што ќе ја конзумирате во овој кратко период е лесна за дигестија и посебно ќе ја поткрепи и зајакне AGNI- енергијата, или метаболичкиот оган во вас.

 

Накратко за детоксификацијата.
Додека траат овие 3 дена, вие ќе јадете многу едноставна храна од овесни снегулки и “Китчари” ( рецепт за приготвување на крајот од овој пост).
Диетата е сосема доволна за задоволување на дневните калориски потребите, додека телото се чисти, енергии Вата-Пита-Кафа се балансираат и се се враќа во природниот ритам. Свежо зготвени јадења се најповолни, така што ќе мора самите и секојдневно да си ги приготнуваве овесните снегулки, Китчари-то и чаеви. Дозволено е проготвување на храна рано изутрината, која би траела цел ден.

Не е необично да дојде до поретко одење во вц па дури и констипација. Ако во работата на дебелото црево има застој или едноставно е потешко да се оди во вц, на крајот на овој блог имаме и рецепт против констипација која промовира редовна столица.

Начин на исхрана
-Генерално, јадете колку што сакате на секој оброк-се додека не се најадете, но сепак внимавајте да не дојдете до прејадување.
-Јадете едноставно приготвени овесни снегулки и Китчари за појадок
-Јадете Кичари за ручек и вечера, со 3 часовна пауза помеѓу оброците.
-Во Китчарите можете да додадете растопен путер Ги, кориандер, сусам или пак масло од ленено семе, со цел со сигурност да знаете дека важиот дигестивен систем е добро “подмачкан” а воедно и да се продолжи со оваа 3 дневна диета.
-Не е препорачано да се грицка нешто помеѓу оброците, но дозволено е по некое парче свежо овојшје или неколку свежи јаткасти плодови.
-Доколку диетата во некој период ве депримира или поттикнува на откажување, на пареа термички обработете неколку парчина зеленчук и таков послужете го како додатна чинија при оброкот.
-Оидете се да не јадете ништо после 7 часот навечер.
Пијте најмалку 8-12 чаши вода дневно (250мил/чаша),вода која што е на собна температура.
-Идеално, пиењето на вода е во периодот помеѓу оброците
-Покрај вода, се спомнуваат и секаков вид на хербални чаеви без хемиски додатоци и засладувачи.

Дневна рутина

-Будете се рано изутрина да си дозволите релаксирано и долго будење на сите сетила
-После будењето, измијте ги вашите заби и јазикот.
-Напијте се од 250 до 500мл топла вода за да го разбудите и стимулирате дигестивниот систем
-Пожелно е да правите некои лесни движења како утринска краткотрајна гимнастика, јога…
– Искапете се, било тоа туш или бања, употребувајќи го сапунот умерено.
-После тоа, би сакале да ви остане повеќе време за приготвување на утринскиот оброк, кичари и овесните снегулки заедно со чајот, без дополнителен стрес.
-Појадокот од Кичари и Овесни Снегулки е идеално да се конзумира помеѓу 7 и 8 секое утро
-Ручекот од Кичари помеѓу 12-13 часот попладне.
-За вечера Кичари, која е идеална помеѓу 17-18 но не после 19h.
-Одете на спиење најкасно до 22часот.
-Спиењето е најдоброто време за детоксификација на телото, и дозволете си доволно време за одмор и природно чистење.

Рецепт за Овесните снегулки
Овесни снегулки
½ чаша суви овесни снегулки
1 ½ чаши вода
¼ чаши суво грозје
½ до 1 чаша свежо и ситно исецкани јаболка, кајсии, праски и круши.

Сите состојки добро се мешаат и се конзумираат.

Рецепт за Кичари
-1 чаша цел ориз
– ½ жолт мунг дал или куркума како замена
– 2 кафени лажички Ги
-Зачини кои можете да ги користите ( кумин, кориандер, ѓумбир како и сенф од црно семе)
-1 кафена лажичка природа минерална сол
-6 чаши вода
-2 чаши зеленчук как аспарагус, моркови, целер, зрнести плодови, сладок компир, магдонос и сл.

 


Остави коментар