Пред да започнеме да објаснуваме како да ги намалите Вата доша или мирба, можеби ќе сакате да прочитате повеќе за Tridoshas, и Tridoshic Recipes доколку тоа не го сторивте до сега.

Фактори кои влијаат врз Вата Доша

Баланс – Вата

Дизбаланс – Вата

Следете ја секојдневната рутина кога се однесува на времето на оброците, бројот на оброците, времето на одење во кревет, физичките вежби, релаксирањето.

Никогаш не следете некоја рутина, јадете оброци во различни временски интервали, одете касно во кревет (по 23ч), спијте преку ден.

Конзумирајте топли варени оброци кои содржат малку масти, избегнувајте пржена храна

Конзумирајте свеж зеленчук, колачиња од ориз, многу грашок, пуканки, топли пијалоци, чипс, прескокнувајте оброци.

Применувајте масажа со масло

Патувајте исклучително со авион

Живејте во топла и влажна клима каде има доволно свеж воздух и сонце

Живејте во пустина или на високи планини каде е студено а ветерот го зголемува ефектот.

Носете облека која има топли бои како црвена, портокалова, жолта или пак смирувачка нијанса на зелено.

Носете облека која создава светлина на телото, како што е виолетова, сина и бела.

За време на одмор, одберете смирувачки активности како што се лесни прошетки во парк или во природа.

За време на одмор, направете стимулирачки активности, како посета на забавен парк, диско или рок концерт.

  • Жито: Бел басмати ориз, пченица, јачмен, р`ж, стратор, овес, гвиноја

  • Зеленчук: Сочен и сладок зеленчук е најдобро како на пример тиквички, аспарагус, цвекло, моркови, карфиол, краставици, анасон, лук, зелен грашок, зелен пипер, мешункаст зеленчук, сладок компир, слатка пченка, зготвени ротквички, тикви, гавраношка.

  • Зрнеста храна: Зелен грав, адуки граг, црвен и жолт дал , при што треба соодветно да биде подготвен.

  • Зачини: Повеќето зачини се добри за Вата, но секако постојат и такви кои треба да се одбегнуваат, особено оние кои имаат жежок, лут, сув зачин, кумин, коријандер, анасон, тумерик, хинг.

  • Овошје: Слатките и киселкасти вкусови на овошје како на пример грозје, сок од грозје, лимон, зелен лимон, портокали, круши, банани, цреши, смокви, јаболка (сварени), кајсии, авокадо, шумско овошје, портокали.

  • Млечни производи: Свежо и полномасно млеко, топено масло, путер и меко сирење.

  • Месо: Некое месо се добро за Вата, како што е белото месо, пилешкото месо или рибата и притоа треба да биде испечено или варено, или подготвено како пилешка супа.

  • Ореви, бадеми, лешници: Ова овошје е дозволено, а бадемите се ограничени на два на ден.

  • Масла: Топено масло, сусам, маслиново масло, масло од кикиритки.

  • Коментар: Ваквата Вата диета ретко се користи. Таа се однесува само на слаби пациенти или во услови кога е потребно да се зголеми телесната тежина. Блага диета Вата може да се примени кога времето е студено, климата сува и кога е сезона на есен или зима.

Print Friendly, PDF & Email