Која е нормалната состојба на трите доши?

 

  • Кога трите доши се балансирани, лицето искусува здравје на сите нивоа: ментално, физичко и духовно. Ова значи многу повеќе отколку отсуство на болест.

  • Следниве области помагаат за полесно да се дефинира како Ајурведа гледа на здравјето:

  • Среќа – чувство на исполнетост

  • Емоции – чувство на балансирана емотивна состојба

  • Ментални функции – добра меморија, разбирање, интелегенција, и разумна споспобност

  • Сетила – соодветна функција на очите, ушите, носот, вкусот и допирот

  • Енергија – изобилство на ментална и физичка енергија за изведба

  • Отстранување – нормално елиминирање на отпадот: пот, моч, фекалија и др.

  • Физичко тело – здрави ткива, органи и системи

 

Кои се причините за дизбаланс на трите доши?

 

Баланс&Дизбаланс

 

  • Секоја од трите доши имаат определени својства, квалитети и функции. Кога трите се во добар баланс, се нарекува нормала или балансирање (Dosha Shamya). Оваа состојба води кон добра состојба на телото, здравје и велнес. Секако, оваа балансирана состојба не е стабилна: секогаш варира. Дошите се накачуваат (vriddhi) или намалуваат (kasaya). И двете од овие состојби водат кон нарушено здравје или болест. Секако, зголемените Доши имаат поголема моќност да предизвикуваат проблеми отколку што можат намалените Доши. Важно за да се нагласи овде е да се нагласи дека секоја доша има свој состоав од квалитети (гуни) кои се поврзани со секој пораст или намалување на количината.

 

Два вида на дизбаланс:

 

Природен дизбаланс

 

Природниот дизбаланс се должи на времето и возраста кои се благи и вообичаено не предизвикуваат некакви проблеми. Вата, Пита, и Капха се накачуваат и постануваат доминантни за време на еден човечки живот, за време на сезоната и за време на определен период во текот на денот. На пример, Вата е предоминантна за време на покасниот дел од човечкиот живот, за време на есенскиот период и за време на попладнето, исто како и за време на последниот дел од вечерта и последниот дел од дигестијата. Уххх! Знам дека е премногу за објаснување. Но почекајте! Пита е предоминантна за време на средновечноста, за време на летната сезона, на пладне и за време на среднишниот дел од дигестијата. Капја е доминантна за време на детството, за време на пролетната сезона, касно наутро, во првиот дел од вечерта и за време на раната фаза на дигестија.

 

Неприроден дизбаланс

 

  • Неприродниот дизбаланс на Дошите може да биде предизвикан од: несоодветна диета, нессодветен животен стил, траума (како на пр. Сообраќајна несреќа), вируси, паразити и др. Додека некои од овие појави не се во наша контрола, видот на стилот на живот кој го применуваме како и исхраната со која се исхрануваме се во согласност на нашата контрола.

 

“Ми се допаѓа” го зголемува “Ми се допаѓа”

 

  • Да научите како да ги намалите Тридошите, најпрво е неопходно да сфатите што придонесува тие да се накачуваат. Причината, според едно едноставно правило на Ајурведа е: “Ми се допаѓа” го зголемува “Ми се допаѓа”, додека “Не ми се допаѓа” го намалува “Ми се допаѓа”. На пример, доколку ви е ладно и јадете сладолед, на вас ќе ви биде уште постудено; доколку ви е жешко и јадете лути пиперчиња, уште повеќе може да ви биде жешко. Овие примеи, кои изгледаат навидум очигледни, се основите на тоа што се прави во Ајурведа и тоа што следи по исклучителните резултати. “Зајакот лежи” во една од вистинските убавини на Ајурведа: нејзините принципи се мошне едноставни, толку лесни, што на природен начин изгледа мошне разумно.

 

Пример како Вата го збогатува Животниот стил и Исхраната

 

  • Доколку се обврземе или конзумираме храна која има Вата квалитети, на тој начин ќе се накачи дошата Вата сама по себе. Некои примери од зголемителните дејности на Вата се следниве: трчање во отворен простор во есенски период и притоа да се носи лесна облека додека е ладно, сува гардероба додека времето е ветровито, посетување на рок концерт по прескокнување на оброк и немањето на сон во текот на ноќта, како и јадење на пуканки за време на возење низ сообраќајот со пуштена музика во возилото, и никогаш немајќи време за одмор, релаксирање или смирување. Сите овие активности ги нарушуваат нервите и високо го стимулираат намалувањето на Вата. Пример од зголемување на Вата во исхраната би биле работи и активности кои ги спомнавме погоре, или пак храна која има горчлив вкус, или пак храна како: пуканки, колач од ориз, грашок, црн пипер, кафе и никулки или луцерка.

  • Затоа, имајте во обзир кога веќе ги спомнавме погорните активности, дали и колку ги применувате (храната, начинот на живот или емотивна врска) затоа што сето тоа допринесува накачување на Доша.

  • А името на играта е да се спречи болеста и притоа да не се наруши балансот помеѓу трите Доши; да останете среќни и смирени. Затоа, се што ви треба е да ги разберете факторите кои ги накачуваат и намалуваат овие три доши: Вата, Пита и Копха како и да ги следите препораките доколку е потребно за да одбегнете некоја болест и да си овозможите севкупно здравје. Навистина, многу е едноставно. Повеќето од нас можат да ги следат тие предлози за животен стил за намалување на секоја доша, и едноставно да ја следат програмата за исхрана на Тридоша.

  • Оброците Тридоша се лесни за готвење,можете и сами да проверите од неколкуте рецепти достапни овде: Tridoshic Recipes. Доколку сакате да научите повеќе за секоја доша, можете да прочитате повеќе на овие страници: Vata, Pitta, и Kapha.

Print Friendly, PDF & Email