Концептот на Ајурведа за трите доши е уникатен во медицинската наука. Ајурведа верува дека телото е составено од ткива (dhatus), потрошен материјал (malas), и doshas (во слободен превод означува Енергетски сили). Работата на Тридошас е да помогне во формирањето на различните ткива на телото како и да ги отсрани сите несакани материјали од телото. Исто така, Тридошас влијае кон сите движења, сите трансформации, сите сензитивни функции и многу од останатите активности на умот и телото на човекот.
Вата доша
Vata dosha е најважна помеѓу трите видови на дошас. Ова се должи поради две причини. Прво, доколку Вата се дизбалансира подолго време, тогаш може да предизвика останатите две дошас (Питта и Капха) да се дизбалансираат. Дури може да предизвика Пита и Капха да станат дизбалансиани; ова се нарекува дизбаланс на Tridoshic и е најтешко за надминување. Второ, Вата е главниот двигател на телото, вклучувајќи ги и двете доши, ги движи сите ткива (дхатус) и целиот потрошен материјал. Вата ги овозможува следниве функции:
-
Сите видови на потрошен материјал: фетус, сперма, фекалија, моч, пог и уште некои други
-
Помага кај сите видови на метаболизам на телото (наречени Агни или Ајурведа)
-
Ги контролира сите различни подвизи на телото (како психички и физички), вклучувајќи респирација, биење на срцето, мотивација и контракциите на мускулите
-
Го пренесува целиот внес на надразнетост во различните сензитивни органи кон мозокот
Pitta doshaПита доша е поврзана со огнот и топлината. Кога постои трансформација, таму е Пита (која дејствува). Без разлика дали е во Г-трактот, џигерот, кожата, очите или мозокот, не е важно, затоа што не постои локација каде Пита не дејствува.
Пита ги овозможува следниве функции:-
Метаболизам-и сите различни видови и нивоа од дигестија до трансформирање на храната и секој друг материјал
-
Термогенеза-ја одржува телесната температура
-
Визија – ги конвертира надворешните слики во оптички нервни импулси
-
Апетит – чувството на глад и жед
-
Разбирање – на информациите кон знаење и резонирање или осудување
-
Храброст и решителност – за соочување со ситуациите
-
Комплексија – додава боја и мекост на кожата
Капха доша
-
Капха е најтешката од сите три доши. Им овозможува структура и лубрикација која е потребна на телото. Овие квалитети помагаан кон одржувањето рамнотежа на Вата движењата и Пита метаболизмот. Личност која има огромна маса, фудбалер или борач е личност која има доминанција на Капха.
-
Капха ги овозможува следниве функции:
-
Сила – да се изведуваат физичките задачи
-
Навлажнување и лубрикација- за спречување на дополнително потење кое се појавува на различни делови од телото
-
Стабилност- за додавање на неопходните подложни аспекти на телото и умот
-
Маса и структура – за овозможување на потполнетост на ткивата на телото
Плодност и мажественост – за производство на здраво потомство
-