• Ајурведа е целосен систем на лекување од Индија која користи конститутивен модел. Нејзината цел е да овозможи водич кон исхраната и животниот стил на луѓето за да можат да останат здрави како и на луѓе кај кои може да го подобри нивното здравје.

Постојат неколку аспекти на Ајурведа кои се уникатни:

  1. Нејзините препораки често се различни за посебно за секоја личност во зависност од видот на храната, од видот на животниот стил кои тие го следат се со цел тие да бидат здрави. Ова се должи на неговата примена на конституционалниот модел.

  2. Се што е застапено во Ајурведа е проценето преку набљудување, испитување, директно тестирање и знаење кое потекнува од античките текстови.

  3. Се знае дека постојат енергетски сили кои влијаат врз природата и луѓето. Овие сили се наречени Tridoshas.

  4. Затоа што Ајурведа гледа силна поврзаност помеѓу умот и телото, затоа е достапно голема количина од информации кои се однесуваат врз ваквата поврзаност.

Значење

  • Ајурведа потекнува од двата Санскрит зборови, Ayu што значи живот и Veda што значи знаење. За да се знае за животот, тоа значи Ајурведа. Секако, за комплетно разбирање на различните дострели на Ајурведа, дозволете да ви го презентираме начинот на живот “Ayu”. Според античкиот научник и философ од школата Ајурведа,Чарака, “ayu” се состои од клучни делови. Комбинација од ум, тело, чувство и душа.

Ум, тело и сетила

Ние тежнееме да ги идентификуваме повеќето наши физички тела; сеуште, всушност постои за нас нешто повеќе отколку што се однесува само кон очите. Можеме да увидиме дека под нашата физичка структура се наоѓа умот, кој не само што ги контролира нашите мисли, туку и помага во спроведувањето на секојдневните активности како што се дишењето, циркулацијата, дигестијата и отфрлањето на отпадниот материјал од нашето тело. Умот и телото дејствуваат во согласност еден со друг, неразделно и на тој начин ја регулираат нашата физиологија. Со цел нашиот ум да дејствува соодветно за да потпомага на нашето физичко тело, ние мораме притоа да ги користиме нашите сетила како што се наталожува збирот на информации. Можеме да го сметаме умот како еден вид на компјутер а сетилата како информации кои се внесуваат во компјутерот. Мирисот и вкусот се двата најважни сетила кои помагаат во дигестивниот процес. Кога умот регистрира дека определена храна се внесува во гастрономскиот тракт, тогаш го насочува телото да дејствува во зависност од ослободувањето на различните дигестивни ензими. Секако, доколку претеруваме со вкусот со применување на определен вид на вкус, како што е благото, тогаш ќе приметиме дека можноста на умот за перцепција на благо се раздвојува, и затоа телото е совладано да биде во состојба да процесира блага храна. За одржување на чистината на нашите сетила е од клучен дел во дозволувањето на умот и телото да интегрираат со нивните функции и помагаат во одржувањето на здрави и среќни индивидуалци.

Душа

  • Ајурведа исто така гледа дека пред ние да егзистираме во нашата физичка форма со помош на нашиот ум и сетила, дека ние истовремено егзистираме во посуптилна форма, позната како душа. Дамнешните јасновидци од Индија верувале дека ние се состоиме од определена енергетска суштина која е оневозможена од присуството на нашата материјална форма. Всушност, тие учеле дека нашето потиснато „јас“ или душа останува непроменето. Таквата манифестација за илустрирање на овој концепт е дека ваквата суштина постои и по времето на смртта. Кога наближува времето кога личноста го напушта своето физичко тело, многу од неговите желби се појавуваат во овој период. Како што душата повеќе не се идентификува со телото, така неговата желба за хранење или да учествува во некоја активност која му пружила некоја лична сатисфакција се зголемува. Всушност, многу лица го документирале ваквото искуство како сензација „надвор од своето тело“.

  • Постојат уште неколку други примери како ние сме создадени од овие четири компоненти кои ние ги нарекуваме живот.

Принципи

Сега откако добро се запознавме што се вклучува во живот, ајде да разгледаме некои принципи на Ајурведа и како тие можат да влијаат врз нас.
Кај Ајурведа, индивидуалецот се смета за посебна личност создадена од пет примарни елементи. Елементите се етхер (простор), воздух, оган, вода и земја. Исто како и кај природата, ние исто така имаме пет елементи во нас. Кога некој од овие елементи е присутен во околината, тие за возврат имаат влијание врз нас. Храната која ја конзумираме и како изгледа времето се само два примери од присуството на овие елементи. Додека ние сме составени од овие пет елементи, некои елементи се сметаат дека имаат можност да се комбинираат во различни физиолошки функции. Просторот и воздухот се комбинираат да формираат тоа што во Ајурведа е познато како Vata dosha. Vata раководи со принципите на движење и затоа може да се смета како сила која управува со нервните импулси, циркулацијата, респирацијата и отстранувањето на непотребните материи. Оганот и водата се елементи кои кога се во комбинација формираат  Pitta dosha. Pitta dosha е процес на трансформација на метаболизмот. Трансформирањето на храната во нутриенти кои нашето тело може да ги асимилира е пример на функцијата на овој процес. Pitta е исто така одговорна за метаболизмот во организмот и ткивниот систем исто како и клеточниот метаболизам. И за крај, најдоминантна е водата и земјата како елементи кои се комбинираат за да формираат Kapha dosha. Kapha е одговорна за растот, додавајќи структурално единица по единица. Друга функција на Kapha dosha е да спроведе заштита. Клеточната течност го заштитува мозокот и спиналната течност и е еден вид на Kapha кој се наоѓа во телото. Исто така, дебелото црево на желудникот е уште еден пример на Kapha dosha кој ги заштитува ткивата. Ние сите сме создадени од уникатен однос на Vata, Pitta иKa pha. Овој однос на варира кај секоја личност одделно и поради тоа, Ајурведа ја гледа секоја личност како посебна комбинација која ја обликува нашата разновидност.

  • Ајурведа ни дава модел на поглед на секој иднивидуалец како уникатна комбинација од овие три ентитети и затоа дизајнира посебен третман на протокол кој особено се однесува на секоја личност која се соочува со своето здравје. Кога некој од овие ентитети (Вата, Пита или Капха) се акумулира, Ајурведа тогаш предлага одреден вид на животен стил како и водич за исхрана кој помага на личноста во намалувањето на оној ентитет кој е доминантен за подобар баланс меѓу трите. Исто така, Ајурведа предлага и хербален третман за да го поттикне процесот на заздравување. Доколку отровите во телото се наталожат, тогаш започнува процесот за прочистување познат како Pancha Karma и се препорачува за елиминирање на овие несакани токсини.

Заклучок:

  • Ова верување дека сите ние сме посебни индивидуалци, и овозможува на Ајурведа да се обрати не само на определени грижи околу здравјето, туку и да нуди објаснување зошто некоја личност определено реагира на некоја болест за разлика од друга. Се надеваме дека ќе продолжите да ја истражувате Ајурведа за да го зајакнете вашето здравје и да продолжите да негувате понатамошни погледи кон ова чудо што ние го нарекуваме живот.

Print Friendly, PDF & Email

Leave a Comment