Исто како што дошите се клучни компоненти на телото, трите гуниСатва, Раја и Тамас се есенцијалните компоненти или енергии на умот.

Ајурведа овозможува посебен опис на луѓето врз база на нивната Манаса (психолошки профил), Пракрити(поредок). Генетски одредено, овие психолошки карактеристики се во зависност од релативната доминација на трите гуни.

Додека сите индивидуалци имаат мешани количества од овие три ентитета, доминантната гуна ја одлучува личната манса пракрити. Во еквилибриум, овие три гуни го чуваат умот (и на тој начин, индиректно и телото), го одржуваат во здрава состојба. Секое нарушување на овој еквилибриум резултира со различни типови на ментално нарушување.

Сатва се карактеризија со ведрина, свесност, задоволство, и јасност, таа е чиста, нема болест и неможе на никој начин да биде нарушена. Ги активира сетилата и е одговорна за перцепцијата на знаењето.

Рајас, најактивна од гуните, има движење и стимулации како особености. Сите желби, посакувања, амбиции се резултат на рајас.

Тамас се карактеризиа зо тежина и отпорност. Произведува вознемиреност во процесот на перцепција и во активност на умот. Заблуда, погрешно знаење, мрзливост, апатија, сон и поспаност, сето ова се должи на Тамас.

Рајас and Тамас, исто како и доша можат да бидат дизбалансирани поради стрес и негативни желби, како кама (загуба), ирсхија (злоба), моха (заблуда и халуцинација), лобха (алчност), цхинта (нетрпеливост), бхаја (страв) и кродха (лутина).

Секоја од овие три особености исто така се карактеризира со свои подвидови и лични подвидови кај кои секоја припаѓа за да се одлучат квалитетите на таквата личност.

Print Friendly, PDF & Email