Зимска супа за имунитет

од / 20th март, 2018 / Uncategorized @mk / No Comments

Порции: 3
Потребни состојки:
  • 100 грама  путер
  • 2 средни праза (само белите и светлозелени делови) пресечени надолжно потоа исецкани на на полумесеци, добро измиени и исцедени.
  • 1 кромид, тенко исецкан
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сол и бибер
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка мајчина душичка
  • 1 среден корен од целер (исчистен и исечкан)
  • 2 ½ шолји пилешка (или зеленчукова) супа
  • 1 лажица лимонов сок
Начин на подготовка:

Исчистете го празот, измијте го и исечкајте го и додадете му малку сол а потоа динстајте ја содржината 10 минути на путерот додека да омекне (не треба да потемни). Додајте го лукот и мајчината душичка, посолете сѐ заедно и динстајте уште 3 минути. Потоа додадете го исечканиот корен од целер, додадете уште малку сол и бибер. После 5 минути прелијте ја супата.

Гответе сѐ заедно околу 20 минути на тивок оган со поклопен капак на садот за готвење. Целерот треба да стане сосема мек, да може лесно да се пресече со нож. Кога ќе забележите дека е добро сварен, ставете ја супата во блендер  додека се добие фина текстура. На крајот додадете го сокот од лимон.


Остави коментар