АЈУРВЕДА ДООЕЛ СКОПЈЕ – компанија која се занимава со увоз и продажба на додатоци во исхрана кои се базирани на древната индиска медицина Ајурведа.

Ајурведа дооел Скопје постои од 2006 година и до ден денес успешно работи во служба на нејзините клиенти. Идејата за создавање на оваа компанија е дојдена со цел, одржување на здравјето на сосема природен и безбеден начин, со билки, исхрана, вежби и масажи.

Одговорот на ова барање е во традиционалните методи на третирање на Ајурведата, најстарата медицина во светот, која потекнува од Индија. Производите кои ги имаме се произведени од страна на Планет Ајурведа високо реномирана компанија од Индија која ги достигна своите успеси само поради квалитетот и ефикасноста на производите, како и услугите и советите кои се дадени од страна на ајурведските доктори. Ние работиме со 100% природни, чисти, органски, хербални производи кои намаат никакви додатоци, бои, хемикалии и адитиви. Тие не создаваат никакви несакани ефекти. Се користат стандардизирани екстракти од билки, берени од Химелаите. Капсулите кои се употребуваат се сосема вегетаријански, безжелатински. Сите производи на Планет Ајурведа не содржат животински продукти и се погодни за вегетрјанци. Имаме над 40 различни продукти кои се користат како додатоци во исхраната.

Нашата мисија е да ја шириме Ајурведата на територијата на Македонија со цел да го одржиме здравјето на нашиот народ. Едукацијата за оваа наука и осознавањето на самите себе, каде припаѓаме и како да се храниме според Ајурведата се клучни за подобро здравје, за долг и квалитетен живот. Се со цел да бидеме пример на пазарот за професионалност, стручност и етичност.


Print Friendly, PDF & Email

Остави коментар