Аштанга, осумте гранки во Ајурведа

од / 3rd јануари, 2018 / Uncategorized @mk / No Comments
Огромните теми во Ајурведата од страна на мудреците се поделени во осум категории, кои се познати како “Аштанга Ајурведа”, осум гранки на Ајурведата. Тие се следниве:
1.Каја чикитса (Kaya cikitsa- Интерна медицина):
Тука зборот “Каја” значи “агни”. Каја чикитса значи “третман на агни”. Во Ајурведата треба да се разбере интерпретацијата и целосната филозофија на зборот “агни”. Секоја клетка во телото, всушност, целото тело минува низ континуиран витален процес. Тој во Ајурведата е наречен тридоша, додека во модерната медицина се нарекува метаболизам. Се додека фундаменталната енергија на телото, т.е. агни, е во добра координација со сите физиолошки функции во телото, сите три доши и седум ткива остануваат во хармонија и екскреторните процеси и другите физиолошки процеси во организмот се одвиваат глатко. Со егзалтирани ум и душа, се користи или се развива комплетна енергија за благосостојба и се држи телото во добра состојба. Ова е целосната дефиниција на добро здравје и здрав разум. Ајурведата главно се фокусира на оваа фундаментална енергија на телото – “Џатарагни”. Кога фундаменталната енергија е во добра координација, човекот нема да биде болен. Освен рамнотежа во телесната тежина, и сите хемикалии, хормони и електролити, исто така, се во состојба на рамнотежа во телото. Постојат вкупно 13 видови агни-саптадатвагни, панчабутагни и џатарагни. Агни е главната движечка сила (енергија) на постоењето која ја контролира функцијата на телото и повторно се состои од седум ткива и пет основни елементи. Метаболичната активност на организмот зависи од “агни”. Основата на ајурведскиот третман е каја чикитса или агни чикитса. Сите процедури на ајурведските третмани, јога-активностите на антуропатските третмани се со цел да се активира, контролира и да се оддржува континуиран, координиран проток на оваа енергија. Меѓу 13те видови агни, “џатарагни” е основна агни. “Џатарагни” е позната и како “пачака агни” или дигестивен оган. Ова е основата на сите болести. Тоа е резултат на неправилностите во процесот на варење и поради бавниот и инертен дигестивен оган. Третманот на овие болести се вика Каја Чикитса (третман преку интерна медицина).
Во оваа гранка сите болести и нивните припишани лекови влијаат на целото тело. Во оваа категорија спаѓаат сите болести поврзани со ендокриниот, респираторниот и дигестивниот систем, менталните нарушувања, дерматолошки и венерични болести.
2. Каумарабртја тантра или Бала рога – Педијатрија:
Оваа гранка се занимава со сите видови подготовки и третмани за жените во текот на бременоста, за новороденчињата, доенчињата и за децата. Изборот на доилка за бебето, проблемите со мајчиното млеко и нивниот третман, симптомите на разни бактериски болести, како што се породилната инфекција и нивно лекување, спаѓаат во рамките на опсегот на педијатрија.
3.Бута Видја – Психијатрија и егзорцизам:
Светите дарувања, жртвите, пеењата и другите свети обреди што се користат во борбата против лошите ефекти од демоните, полубоговите, лошите духови и злото ( во ајурведата сите овие имиња означуваат различни инфективни агенси), кои се причински фактори за генерирање одредени видови болести, спаѓа во “бута видја”. Оваа гранка се справува со ментални нарушувања, емоционални растројства и психолошки проблеми. Таа вклучуца врзување, казна, вдушување бирмут или насја, колириум (течност за очи) и медицинското пушење, кои се изведуваат само од искусен лекар.
4.Салја чикитса- Хирургија:
Оваа гранка се занимава со засекување, отсекување, третмани со хируршки процедури и опрема. Исто така, вклучува и менаџмент на трауми настанати од повреди од оружја, како стрели, палки, копја, огнено оружје, мечеви итн. Оваа гранка вклучува третмани со хируршка опрема, инструменти, топлина, хемикалии, оружје, лекови и благопријатни извори. Според Сусрута, во оваа гранка се вклучени надворешни честички, парчиња од дрво, куршуми и болести поради акумулација на отмадно материи.
5. Салакја тантра – Оториноларингологија и Офталмологија:
Оваа гранка ги опфаќа болестите над вратот, особено во ушите, носот, грлото и во очите. Со оглед на тоа дека овие третмани се спроведуваат со употреба на сонди или “салака”, оваа гранка е позната и како “салакја тантра”. Во модерната наука, таа може да се дефинира како оториноларингологија (уво, нос и грло) и офталмологија.
6.Агада тантра – Токсикологија:
Токсикологијата вклучува идентификација на различни видови отрови и нивни лекови. Овој третман вклучува стхавара виша – отрови добиени од дрвја, растенија, зеленчук, други материи што се јадат и минерали, џангама виша-отров од инсекти, влекачи и други животни и санјога виша- отров добиен од погрешна комбинација на лекови или од мешање различни лекови и други супстанци.
7.Расајана Тантра- Третман за подмладување:
Зборот “Расајана” доаѓа од два збора “Раса” и “Ајана”, каде што “Раса” значи Лимфи и други ткива (датуа) на телото, кои се неопходни и се поддршка за обновување на животот, и “Ајана” што значи специјални методи за постигнување на овие работи. Така, зборот “Расајана” значи ресурси и методологија со која може да се хранат лимфите, крвта и ткивата на телото (датуа), за обновување на животот. Резултатот е целосен третман што обезбедува сила за телото, сензорните и моторните органи и забите, со што се минимизира влијанието на последиците од стареењето (како што се брчки, седа коса и ќелавост), се спротивставува на процесот на стареење и ја потпомогнува долговечноста, со изострување на умот и интелигенцијата и помага во оддржување на здравјето на телото, што е познато како “Наука за подмладување”
8. Ваџикарана тантра- Третман на неплодност и машкоста:
Зборот Ваџикарана доаѓа од два збора: “Ваџи” и “Карана”. Последното ткиво што според Ајурведата се смета дека се храни од конзумираната храна е “Сукра”-спермата. Затоа, тука “ваџи” е сперма или “сукра” и “карана”, што значи “тоа што зголемува”. Затоа, третманот со кој се подобруваат квалитетот и квантитетот на спермата се нарекува вирилизација (маскулинизација). Оние лекови и извори што помагаат во зголемувањето, прочистувањето, собирањето, олеснувањето на репродукцијата и исхраната за нормално производство на сперматозоиди се нарекуваат “ваџи-кара” или афродизијак. Затоа, тоа е детален третман на слабости и нарушувања на репродуктивниот систем. Голем број сеопфатни трактати за сите овие гранки се одделно документирани од разни мудреци и Ајурведа-експерти во изминативе векови, и сите овие третмани се распространети и сериозно практикувани во античките времиња, и биле надалеку признати и ценети. Педијатријата напредува под водство на мудрецот Касјапа, што е елаборирано во Касјапа Самхита. Мудрецот Сусрута бил мајстор/главен хирург. Неговата Сусрута Самхита е достапна дури и денес. Хирургијата била општоприфатена и високоразвиена во древната Индија. Во древните текстови има детален опис на царски рез и примери од пластична хирургија. Сусрута се смета за татко на пластичната хирургија. Во тие времиња се изведување сложени хируршки процедури. Меѓутоа, тие имале големи загуби поради неповолните услови во средниот век, поради што практиките биле прекинувани или одбивани. Многу важни ајурведски текстови биле или уништени или изгубени. Со текот на времето настрадале разни гранки на Ајурведата.
Ви се допадна текстот? Стиснете Like и Share за да споделите со пријателите и секојдневно да ви пристигаат вакви интересни текстови.

Остави коментар