Концептот на Ајурведа за трите доши е уникатен во медицинската наука. Ајурведа верува дека телото е составено од ткива (dhatus), потрошен материјал (malas), и doshas (во слободен превод означува Енергетски сили). Работата на Тридошас е да помогне во формирањето на различните ткива на телото како и да ги отсрани сите несакани материјали од телото. Исто така, Тридошас влијае кон сите движења, сите трансформации, сите сензитивни функции и многу од останатите активности на умот и телото на човекот.

Вата доша

Vata dosha е најважна помеѓу трите видови на дошас. Ова се должи поради две причини. Прво, доколку Вата се дизбалансира подолго време, тогаш може да предизвика останатите две дошас (Питта и Капха) да се дизбалансираат. Дури може да предизвика Пита и Капха да станат дизбалансиани; ова се нарекува дизбаланс на Tridoshic и е најтешко за надминување. Второ, Вата е главниот двигател на телото, вклучувајќи ги и двете доши, ги движи сите ткива (дхатус) и целиот потрошен материјал. Вата ги овозможува следниве функции:

  • Сите видови на потрошен материјал: фетус, сперма, фекалија, моч, пог и уште некои други

  • Помага кај сите видови на метаболизам на телото (наречени Агни или Ајурведа)

  • Ги контролира сите различни подвизи на телото (како психички и физички), вклучувајќи респирација, биење на срцето, мотивација и контракциите на мускулите

  • Го пренесува целиот внес на надразнетост во различните сензитивни органи кон мозокот


    Pitta dosha

    Пита доша е поврзана со огнот и топлината. Кога постои трансформација, таму е Пита (која дејствува). Без разлика дали е во Г-трактот, џигерот, кожата, очите или мозокот, не е важно, затоа што не постои локација каде Пита не дејствува.
    Пита ги овозможува следниве функции:

    • Метаболизам-и сите различни видови и нивоа од дигестија до трансформирање на храната и секој друг материјал

    • Термогенеза-ја одржува телесната температура

    • Визија – ги конвертира надворешните слики во оптички нервни импулси

    • Апетит – чувството на глад и жед

    • Разбирање – на информациите кон знаење и резонирање или осудување

    • Храброст и решителност – за соочување со ситуациите

    • Комплексија – додава боја и мекост на кожата

    Капха доша

    • Капха е најтешката од сите три доши. Им овозможува структура и лубрикација која е потребна на телото. Овие квалитети помагаан кон одржувањето рамнотежа на Вата движењата и Пита метаболизмот. Личност која има огромна маса, фудбалер или борач е личност која има доминанција на Капха.

    • Капха ги овозможува следниве функции:

    • Сила – да се изведуваат физичките задачи

    • Навлажнување и лубрикација- за спречување на дополнително потење кое се појавува на различни делови од телото

    • Стабилност- за додавање на неопходните подложни аспекти на телото и умот

    • Маса и структура – за овозможување на потполнетост на ткивата на телото

    Плодност и мажественост – за производство на здраво потомство

Print Friendly