Со цел да се задржат во правилен редослед тридошите во положба на здрав еквилибриум, дигестија и метаболизам, Aјурведа му препишува на секој индивидуалец опеделена дневна доза на терапија. Различните фази на оваа дневна рутина, под влијание на определени практити ќе ви овозможат да добиете максимум од вашиот живот, а тоа се:

 

Будење

Бидејќи нашиот биолошки часовник е подесен кон изгревот и залезот на сонцето, очигледно дека најдобро е да се будите во време на изгрев во совршена синхронизација со природниот часовник. Идеално време за да ги потопите вашите телесни клетки е во период кога има сончева светлина за да се надополнат со енергија. Пиењето на чаша млака вода му помага на телото да ги отстрани токсините акумулирани во текот на ноќта во вашето тело.

 

Природен нагон

Последниот дел од ноќта кој бил воден од Вата – која е инволвирана во процесот на елиминација е најдобро време да се елиминира отпадниот материјал од телото. Соодветното елиминирање исто така помага да се отстрани Капха која природно се наталожува во текот на ноќта. Празнење на бешиката еднаш или двапати дневно е најдобро. Вообичаено, најдобро по оброк. Но бидете мудри кај мочта. Посматрајте ја секое утро и доколку забележите некоја невообичаена појава на мочта, применете некоја диета. На тој начин ќе му дозволите на вашето тело да се одмори и да го корегира својот систем пред да настане болеста. Никогаш не потиснувајте ја природната желба и нагон на телото за празнење, за глад, сон, киење, повраќање, исфрлање семе затоа што тоа ќе доведе до нарушување или болест.

 

Прочистување

Внимателно исчистете ги рацете и нозете, лицето, устата, очите и прочистете го носот како и сензитивните органи на телото. Најдобро во купка со чиста вода, пропратено со миење на забите (кое треба да се повторува по секој оброк), да се истрие талогот врз јазикот (за таа цел жабуркајте сол повремено) за да ги задржите непцата, устата и грлото здрави. Прописно чистете го носот и ушите а очите чистете ги со топла вода која претходно сте ја задржиле во вашата уста на неколку моменти (салива е мошне добра за вашите очи). Држете ја вашата коса исчешлама и чиста, ноктите скратени и носете чиста облека. Слободно користете паргеми и чувствувајте се убаво.

 

Физичка активност

Без разлика дали пасивна масажа или активни аеробични вежби како аеробик, јога , ваквите активности го стимулираат телото и му помагаат да биде поотпорно на болести со тоа што го зголемуваат имуниот систем, чистејќи ги каналите, провирајќи добра циркулација и подобро отстранување на отпадниот материјал како и согорување на мастите. Вежбајте редовно, така ќе ја намалите нетрпеливоста а и ќе стекнете добри навики. Во зависност од возраста и типот на телото, Капхас може да дозволи тешки физички вежби, кај Питас треба да применувате поумерени вежби а кај Ватас е пожелно јога, но не и аеробик. Никогаш не претерувајте повеже од половина од вашиот капациет, за време на болест, веднаш по оброк и без ритмични вежби. Пливањето, пешачењето дури и смеењето се одлични опции.

 

Масажа

Неопходно за секоја личност, е да применува масажа или со хербални масла во домашни услови, или пак да побарате професионална помош повремено. Ја прави кожата еластична, ја контролира Вата со намалување на студот, светлото, грубите и ератични квалитети, ја зголемува крвната циркулација, Поттикнува побрзо отстранување на изметот и го реласкира телото. Следете ја нормалната насока на растот на влакната, користете екстра масло насекаде по виталните делови на телото, масирајте го скалпот и главата барем еднаш неделно.

 

Медитација

Идеално за дисциплина на умот и отстранување на стресот и напнатоста, најдобро да се спроведе веднаш по брзо туширање за прочистување. Критично во задоволување на гладта на умот, кога се прави добро е толку заздравувачки што се зголемува векот на телото. Контрола на желбата, или на менталната глад, е клуч кон долговечноста и бесмртноста. Секогаш кога медитирате, правете го тоа искрено и со полно срце. Наједноставно и најздрав метод на медитација е да се применува на сонце или пак кога небото има златна боја. Додека ваквата рутина дејствува како критичен штит против нестабилните влијание од надворешната околина, со употреба на внимателно селектиран избор од претходните фактори кои ги спомнавме погоре, така многу полесно ќе ја подобрите вашата состојба на вашето целосно здравје.

 

Облекување

Како заштита од надворешните температури, човекот се приспособува во својата гардероба и се прикладува спрема временските услови. Облеката треба секогаш да биде лесна и комотна и направена од природни влакна како што се памук, волна, лен или свила. Бидејќи енергијата во телото извира од главата, таа продолжува да се движи кон стапалата, исфрлајќи ја топлината од стомакот од системот, а загадената енергија се насобира во обувките за нозе. Затоа, одбегнувајте да носите туѓи обувки, не внесувајте ги обувките дома и одете боси колку што е можно повеќе. А кога веќе ги спомнавме обувките, дрвените сандали се многу поздрав избор за разлика од обувките од кожа или пак гумените обувки.

 

Работна обврска

Бидејќи работата опфаќа барем една третина од нашиот живот. Изборот и успешноста на нашата професија влијае врз самодоворбата, себевреднувањето, и е особено важно приодата на вашата работа да се совпаѓа со вашиот пракрити.
Вата луѓето сакаат да работат на места каде има интензивна енергија. Но таквата професија тежнее да ги исцрпи истовремено. Па доколку добро се избалансира изборот на професија, и покрај нивното недопаѓање на таквата професија, тие треба да изберат рутинска професија, особено таквата да се повторува во едноличноста. Потребно е релаксирање во домашни услови, но особено е важно да имате и релаксирачка атмосфера и на работното место. На луѓето со таквата професија им е потребен адекватен одмор, особено во период на попладне од денот. Треба да одбегнуваат места каде воздухот е особено ладен и сув, пр. Во места каде каде е неопходно воздухот да е студен, во електронска индустрија а особено во загушливи простории, како на пример воденици и млинови. Идеалната професија треба да е доволно возбудлива за да се задржи нејзиниот интерес и доволната рутина за да за одбегне дизбалансот за работа.
Пита луѓето се многу практични, и тоа ги прави добри раководители но не и оригинални мислители. По природа се агресивни и наметливи, и овие реалисти се околу себе гледаат како натпревар кој треба да се победи. Инсистирајќи да се биде на врвот на секоја активност, тие се наметнуваат во колку што можат повеќе, притоа барајќи совршено функционирање од нивните вработени во секое време од денот. Тие не дозволуваат одложување и пречки на нивните планови и сериозно се трудат секогаш да одговорат професионално а нивните животи, приватниот и професионалниот успеваат да ги одржат одвоено. Тие треба да одбегнуваат работа која физички исцрпува или пак е пропратена со жештина како и работа каде треба да се послушуваат надлежни. Тие идеално треба да имаат доволно предизвик за да ги задржи таквиот предизвик окупиани без дополнителен стрес или некоја строга компетиција.
Вродената Капха стабилност и баланс ги прави овие луѓе одлични администратори. Тие мора да направат совесен труд за да создадат промена во нивните секојдневни рутини. Тие секогаш сакаат да бидат осигурени дека доколку нивната работа не секогаш е пропратена со физички вежби, во неа секогаш да можат да си дозволат релаксирање. Одат бавно наутро, а конкуренцијата е добра за нив иако тие може да ја сметаат за стресна.

 

Избор на милениче

Како надополнување на личноста на сопственикот, миленичето треба да се избере внимателно за да има терапевтски ефекти на вашата доша нерамнотежа.
Ватас одат заедно со познатите кучиња, тие се големи љубители на кучиња, сакаат да се мазат, имаат отворено срце и ја стабилизираат нивната студена, страшлива и непостојана природа. Некои се согласуваат со мали, крзнени животни како на пр.заморче со што ја го предизвикуваат мајчиниот инстинкт кај сопствениците..
Мачката е омилено животно кај Пита. Со силни мислење за туѓите субјекти, мачките презентираат трајни предизвици, дури и со нивните движења.
Капхас се однесува пред се на птиците, лесните авијатичари кои цврчат со својата мелодија и потпомагаан на природнат масивност на дошите. Додека некои големи кучиња се докажаа како полезни, така вежбањето заедно со ваквите миленичиња ја надолнува природата и на нивните сопственици.

 

Избор на партнер

Ајурведа како мудрост предлага дека некои типови на луѓе се подобри парнери со лица кои имаат слични ментални процеси, став и сексуални склоности. За жал, две лица со слични диспозиции е можно да не претставуваат добра комбинација. Одбирањето на вистинскиот парнер кој ќе го стимулира и инспирира другиот, е мошне важна особина за добра комбинација.

 

Сон

Состојбата на физички одмор и ментално релаксирање ја овозможува сонот, особено кога се работи за соодветно оформување на личноста. Ноќта е природно време за сон како и попладневните дремки, кои не треба да траат повеќе од 15 минути, но тоа не важи за младите или постарите лица, особено оние послабите со здравје, или трауматизираните личности. Избегнувајте со земање на оброци пред одење во кревет. Спиењето на десната страна е вистински избор, особено за јогата. Кога се спие на левата страна, тогаш се стимулира дигестијата и организмот има зголемена потреба од храна, сон и секс. Спиењето на грб индиректно или на стомакот директно ја стимулира болеста. Спиењето со главата во подисправена состојба и стапалата кога се во позиција на правец кон запад овозможува најдобар медитативен сон. Миењето на рацете, нозете и лицето пред спиење го стимулира сонот. Никогаш не спијте во кујната и вашиот кревет употребувајте го само за сон. 6 до 8 часа на ден се доволни за добар одмор. Идеална форма за спиење е јога, состојба на целосна физичка инертност со особини на задржување на менталната будност и свесност.

Print Friendly, PDF & Email