Ајурведа е најстариот медицински систем кој живее од дамнешни времиња во светот. Потекнува од корењата на античките Санскрит зборови‘ayus‘ (живот) и ‘ved‘ (знаење) – и нуди богат и севкупен изглед на здрав живот, а потеклото датира уште пред 5000 години.
Се до денес, овој систем е проширен и се применува од истите спиритуални риши, кои се потпираат на основите на цивилизацијата на Ведите во Индија, со што ги спроведуваат основите за живот во погодни и прописни системи.

Главниот извор на знаење во оваа област се препишува на Ведите, божествените книги на мудрост кои тие ги предлагаат, а особено четвртото продолжение, именувано како Атарваведа кое датира уште од 1000 година п.н.е. Постојат уште неколку расправи за Ајурведа кои опстанале во истиот временски период, а најпознато од нив е Чарака Самхита и Сусхрута Самхита кои се базираат врз внатрешната медицина и оперативните зафати генерално. Астанга Хридајам е подетална компилација на рани текстови кои се создадени пред илјада години. Оние помеѓу нив формираат поголем дел на знаење кое се датира на Ајурведа, на истиот начин како што се применува и денес.

Уметноста на Ајурведа се прошири во 6-тиот век п.н.е. во Тибет, Кина, Монголија, Кореа и Шри Ланка и особено помеѓу свештениците на Будизмот кои патуваа во овие земји. Иако не е многу зачувано од нејзината оригинална форма, нејзините ефекти можат да се видат во различните њу ејџ концепти кои потекнуваат од овде
Ниедна филозофија нема поголемо влијание врз Ајурведа како што е филозофијата Санкхаја која пред се се смета за филозофија на создавање и манифестација. Во таа филозофија се верува дека позади секоја креација постои состојба на чиста егзистенција и свесност, која не зависи од време и простор, нема почеток и крај, нити некакви особини. Во таквото чисто постоење, никнува желба за искуство кое резултира со појава на чувства и предизвикува манифестација на исконска физичка енергија. Таквите манифестации се поврзуваат за да создадат „танц на креирање“ и на тој начин оживуваат.

Непроценливна, неопислива и особено суптилна е ваквата исконска енергија која тече и егзистира само како чисто постоење, таа е креативната сила на секое дејство, извор на форма која има особеност. Материјата и енергијата се блиску поврзани кога енергијата ја завзема формата, ние тежнееме да мислиме кон ова само во рамки на материја. А доколку е помодифицирана, крајниот резултат се сведува кон манифестирање на нашиот познат ментален и физички свет.
Исто така, таа поттикнува раст на космичка свест, која е универзален ред кој го овозможува целиот живот. Индивидуалната интелегенција, која се разликува од секојдневниот интелектуален ум, потекнува и е дел од оваа свест. Тоа е еден вид на внатрешна мудрост, дел од индивидуалноста кој останува незаситен од потребите на секојдневниот живот или т.н. Ахамкара, чувството за болест.

Санксрит збор, кој нема соодветен превод, Ахамкара, е концепт кој не е доволно сфатен од сите и најчесто се однесува на „егото“. Составувајќи многу повеќе од сево ова, тоа е битие, срж дел од „мене“ кој знае кои делови од универзалната креација е „јас“. Бидејќи „Јас“ на сум одделен од универзалната свест, и „Јас“ има идентитет кој се разликува и ги дефинира границита на „Мене“. Затоа, сите креации имаат Ахамкара, не само луѓето.
Од Ахамкара се раѓа дво-крилната креација. Првата е Сатва, субјективниот свет, кој може да се перципира и да се манипулира со неговата материја. Во него се вклучени телото (умот), капациетот на петте сетилни органи за слушање, чувствување, гледање, вкус и мирис, и петте органи на дејствување за говор, разбирање, движење, создавање потомство и исфрлање. Умот и суптилните органи овозможуваат мост помеѓу телото, Ахамкара и внатрешната мудрост, кои сите три заедно важат за есенцијална природа кај луѓето.
Втората е Тамас, објективниот свет на петте елементи на звук, допир, визија, вкус и мирис-петте суптилни елементи кои никнуваат од сгустените елементи од просторот, воздухот, огнот, водата и земјата-и од која се создава целат енергија во физичкиот свет. И постои и Рајас, силата на енергијата за движење, која ги соединува деловите на овие два света.

Густ елемент Суптилен елемент Орган за допир Моторни органи Функција
Простор Звук Уши Вокални корди Говор
Воздух Допир Кожа Раце Разбирање
Оган Вид Очи Стапала Движење
Вода Вкус Јазик Гениталии Обновување
Земја Мирис Нос Анус Отфрлање

Важно е да се спомне дека и во фазата на густите елементи, филозофија та на креација, која според Санкајапостои само сега и е во сегашноста, нема минато нити иднина, нити пак некаква особина, сеуште се справува со аспектот за постоење помеѓу нашите едноставни физички сфери. За да се примени Ајурведа во секојдневниот живот, не е потребно да се прифати ниту да се сфати овој вид филозофија . Но затоа пак нуди длабок осврт кон тоа како Ајурведа дејствува кон подобрувањето на вашето здравје.

 

Ајурведа затоа не е само едноставен систем за нега на здравје, туку и формана животен стил адаптиран за одржување на совршен баланс и хармонија внатре во човечкото постоење, од нај апстрактните трансцедентални вредности па се до нај концентрираните психолошки изразувања. Базирана врз примасата дека животот претставува интелегентна координација на Атма (душа), Мана (ум), Индрија (сетила) и Шарира(тело). Тоа се врти околу петте густи елементи кои се движат кон создавање на формирањето на секоја личност, т.н. Пракрити.

И кое за возврат е детерминирано од виталниот баланс на трите физички енергии- Вата, Пита, Капха и трите ментални енергии-Сатва, Рајас и Тамас.
Индискиот Бог на создавањето ја открива науката Ајурведа на мудрецот Атреја

Print Friendly